И З В Е С Т У В А Њ Е

27.05.2020, Среда - Ве известуваме дека согласно Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација - Скопје донесе одлука со која изврши отпис на побарувања по основ на наплата на затезна односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети трансферирани/пренесени кај нотарите и извршителите како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.

Согласно одлуката, сите должници имаат можност главниот долг и трошоците по наведените предмети да ги платат без камата на рати, во зависност од висината на долгот. 

Сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 02/3240-300 со избирање на бројот 3 (Правна служба) на главното мени, како и на kontakt@vodovod-skopje.com.mk и https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/

Со почит,

ЈП Водовод и канализација - Скопје

 

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија