Обновен дел од оградата на Бунари Нерези

Среда, 13 мај 2020, ЈП Водовод и канализација – Скопје, денес во соработка и координација со Град Скопје, а во изведба на Сектор Механизација и работниците од Одделението за градежно одржување, го порамни земјиштето и постави нови столбови и жица, кај делот од оградата на Бунари Нерези која беше оштетена при изведување на активностите за изградба на паркот на кејот.

Објектот Бунари Нерези е обезбеден од неовластен пристап, а ова е само привремено решение со цел заштита на објектот. Конечното решение за оваа ограда, со која се обезбедува и ограничува пристапот до објектот Бунари Нерези, ќе се дефинира по завршување на активностите за изградба на паркот. Тоа е директно поврзано и зависи од нивото на паркот кое врз основа на плановите може да се подигне за 1.5м.

 

 

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија