Електронска пријава за состојба на водомер за физички и правни лица

ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје. Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и од неодамна преку мобилната апликација веќе достапна за Android и IOS.

Една од опциите достапна за корисниците е можноста за пријавување на состојбата на водомерите од дома. На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација, преку оваа опција достапна за физички и за правни лица, имате можност да ја пријавите состојбата на вашите водомери во период од 10-ти до 16-ти секој месец.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;  02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk;  www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Доколку, сепак имате потреба да не посетите, истото можете да го направите, во Дирекција, каде шалтерите за наплата, во согласност со новите промени за движење, работат секој работен ден од 7:30 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот. За таа цел и со цел да се заштитиме и превенираме во ширењето на коронавирусот, задолжително носете маска, држете растојание, не се групирајте и следете ги сите препораки издадени од Министерството за Здравство.

 

Со почит,

ЈП Водовод и канализација - Скопје

28.04.2020 година       

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија