ЈП Водовод и канализација – Скопје нема да ги чита водомерите кои се наоѓаат во објектите и нема да исклучува

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја како и повикот на Регулаторната комисија за енергетика, известува дека во овој период, се додека се во важност препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот, НЕМА да ги исклучува корисниците на услугите на претпријатието кои имаат неплатени долгови. 

Воедно известуваме дека во истиот овој период, инкасаторите, за читање на состојбата на водомерите, НЕМА да влегуваат во објектите во кои водомерите се поставени внатре. 

Ги повикуваме корисниците за секоја потребна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје да се обратат на:

-       02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

-       02 3240 300, Дирекција

-       kontakt@vodovod-skopje.com.mk

-       https://vodovod-skopje.com.mk/

-       https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/

 

ПОЧИТУВАЈТЕ ги и ПРИДРЖУВАЈТЕ се до препораките издадени од релевантните институции Министерство за здравство, http://zdravstvo.gov.mk/, Владата на РСМ, https://vlada.mk/ и Светската Здравствена Организација, https://www.who.int/.

 ***Зголемете го нивото на хигиена, избегнувајте физички контакти, редовно мијте ги рацете, пијте повеќе вода и одржувајте го вашиот имунитет, доколку забележите одредени симптоми јавете се на 078 387 194 – Институт за Јавно Здравје, Скопје. Бидете свесни за вас и сите нас.***

 

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија