Известување со препораки

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја, како и во согласност со препораките и одлуките издадени од Министерството за здравство, Владата и СЗО ве повикува:

 

Да ги ПОЧИТУВАТЕ и да се ПРИДРЖУВАТЕ до препораките издадени од релевантните институции Министерство за здравство, http://zdravstvo.gov.mk/, Владата на РСМ, https://vlada.mk/ и Светската Здравствена Организација, https://www.who.int/

Со цел свесна и превентивна самоизолација и избегнување на физичко присуство во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ве повикуваме за секоја потребна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје да се обратите на:

-       02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

-       02 3240 300, Дирекција

-        https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/; kontakt@vodovod-skopje.com.mk (пратете порака со вашето барање, истото ќе биде пренесено до соодветниот сектор од каде ќе бидете контактирани за одговор);

-       https://vodovod-skopje.com.mk/ - официјална веб страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, каде имате можност да се информирате за сите услуги на претпријатието достапни по електронски пат, да се регистрирате како електронски корисник, а доколку не сте регистриран корисник да ја искористите можноста Брзо плаќање. 

Само заедно можеме да постигнеме многу повеќе

***Зголемете го нивото на хигиена, избегнувајте физички контакти, редовно мијте ги рацете, пијте повеќе вода и одржувајте го вашиот имунитет, доколку забележите одредени симптоми јавете се на 078 387 194 – Институт за Јавно Здравје, Скопје. Бидете свесни за вас и сите нас.***

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија