Едукативно-информативни средби

Секторот за санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува со реализација на едукативно-информативните средби за децата од различни возрасти, со цел запознавање со методите, постапките и начините на работа при контрола на квалитетот на водите за пиење во Скопје како и контролата на површинските води кои се реализираат секоја година. 

Нова средба на ден 19.02.2020, остваривме со учениците oд второ одделение од основното училиште ООУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје , заедно со нивните наставнички. При посетата учениците беа запознаени со начините и методите за контрола на водата во лабораториите за хемија и микробиологија. Исто така, на интерактивен начин преку анимации, беа запознаени со историјатот на водоснабдувањето на Скопје, изворите и начинот на функционирање на нашето претпријатие. 

На овој начин учениците имаат можност одблизу да видат со кои методи и која аналитичка опрема се следи квалитетот на водите и да добијат одговори на своите прашања во врска со целокупната работа на Секторот за санитарна контрола.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија