Месечен преглед на оперативни активности на ЈП Водовод и канализација – Скопје (јануари 2020)

ЈП Водовод и канализација Скопје со цел зголемена јавна информираност и транспарентност за спроведените оперативни активности го објавува месечниот извештај за јануари, 2020 година.

Имено во текот на јануари, 2020 година преку Сектор Водовод се изведени 1086 интервенции од кои 148 улични дефекти, 461 дефекти на шахти. Поставени се 19 затворачи, 2 огрлици, 62 приклучни цефки, 5 хидранти, 32 нови приклучоци. Во текот на овој месец се спроведени и 17 изведби на водоводна мрежа. Преку Сектор Канализација се извршени 24.322 интервенции од кои 9.486 проверки на шахти, 11.076 изведби на површинско чистење на решетки од сливници, 3.330 изведби на рачно чистење на сливници, 61 перење на канализација и 262 изведби за отпушување на канализација. 

 

Со цел подобрување и унапредување на инфраструктурата во Секторот за технички работи и развој изработени се 13 основни проекти за водоводна, фекална и атмосферска мрежа, 2 проекти за реконструкција на водоводна и фекална мрежа. Во рамки на одговорностите се спроведени 19 ревизии на проекти, 81 увид, преглед на 89 задачи за „е-урбанизам“, издадени се 31 потврда за постоечки инсталации и извршен е прием на 822 м на водоводна мрежа и 182 м на атмосферска канализација. Во текот на месец јануари 2020 се издадени 48 одобренија за приклучоци и 47 за хидротехнички услови. Истовремено е спроведен надзор на веќе започнатите активности, кои се изведуваат со сопствена механизација соодвента на потребите. Во Дежурно информативниот Центар се пристигнати 1.361 пријави за интервенции. 

 

Секторот за санитарна контрола изврши 1.916 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од земените примероци од градскиот водоснабдителен систем (866 физичко-хемиски и 865 микробиолошки анализи). 

ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш подготвено да излезе во пресрет на потребите на граѓаните на град Скопје.

 

Согласно вашите потреби контактирајте не на: 02/3073 010, www.vodovod-skopje.com.mk.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија