ЈП Водовод и канализација – Скопје потпиша Меморандум за соработка со Водовод Будимпешта

ЈП Водовод и канализација – Скопје потпиша Меморандум за соработка со Водовод Будимпешта. Потписници на Меморандумот за соработка се генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски и директорот за меѓународен развој на Водовод Будимпешта, г-дин Тамас Бенце (Tamás Bencze).   На средбата присуствуваше и Амбасадорот на Унгарија во Скопје, г-дин Ласло Иштван Дукс. Целта на овој Меморандум е проширување на знаењето, размена на искуствата и вештини во полето на технолошкиот развој, водоснабдувањето, одржувањето и реконструкцијата на водоводната и канализациската мрежа, третманот на отпадни води, унапредување на инфраструктурата, одржување на семинари и работилници за проширување на знаењето и искуствата, како и соработка на експертско ниво во секој сегмент од оваа област. 

На средбата по повод официјализирање на соработката, г-дин Весковски, г-дин Бенце, Амбасадорот на Унгарија во Скопје, г-дин Ласло Иштван Дукс како и останатите претставници на двете претпријатија го изразија своето задоволство од реализацијата на оваа соработка, обврзувајќи се на заложби за унапредување и подобрување на оперативноста и услугите во насока на исполнување на потребите на своите корисници, како и во насока на заштита на водните ресурси и животната средина.

 

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија