Соопштение за работна средба

Почитувани, денеска се одржа работна средба помеѓу Директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје г. Душко Весковски и претставници на компанијата Water Energy со седиште во Амстердам, Холандија, која има исто така свои преставништва и во Австралија, Швајцарија, Унгарија, Чешка и Словачка.

Основна дејност на компанијата е заштита на водата од загадување, третирање на отпадните води и пречистителни станици.

На средбата се разговараше околу можноста за понатамошна соработка помеѓу двата субјекти, во насока кон подобрување на целокупниот водоводен систем во Градот Скопје. На средбата исто така присувствуваше и советникот на Претседателот на Владата на Р.М. задолжен за животна средина г. Драган Јованов

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија