Цена на фактура за комунални услуги

JП Водовод и канализација - Скопје се финансира исклучиво од продажба на вода и извршени услуги.

Согласно Законските измени, тарифата за водните услуги ја утврдува Регулаторната комисија. Отпочнувајќи од 01.01.2020 година важечките тарифи за водните услуги се следни:

Водна услуга

Домаќинство (МКД)

Останати (МКД)

РЖ Услуги АД Скопје (МКД)

Снабдување со вода за пиење

18,50

49,50

13,00

Собирање и одведување на урбани отпадни води

10,85

16,60

 

Прочистување на отпадни води

0,86

0,86

 

 

Во фактурата која ЈП Водовод и канализација – Скопје ја доставува до корисниците, отпочнувајќи од 01.11.2019 година се пресметува и наплатува и Надомест за одржување на јавното градско зеленило (наплатените средства се за Ј.П. Паркови и зеленило – Скопје). Пресметката на Надоместот за одржување на јавното градско зеленило извршена е согласно Одлуките донесени од Совет на Град Скопје со бр.07-4610/1, од 31.10.2012 година и број 27-9978/1, од 28.10.2019 година (Надоместот за одржување на јавното градско зеленило се пресметува во висина од 19,5% од износот на тарифата за снабдување со вода за пиење и тарифата за собирање и одведување урбани отпадни води).

Со фактурата за водна услуга се пресметуваат и наплатуваат и средства за одржување на јавната комунална хигиена, односно за Ј.П. Комунална хигиена - Скопје.

фактурите можат да се платат на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје (ул. "Лазар Личеноски бр.9“) на приземје, во наплатниот пункт во Општина Сарај, сите експозитури на банките, како и на нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk во делот - Преглед и плаќање на фактури.