Сектор Водовод

Секторот Водовод ја одржува водоводната мрежа која изнесува 1065 км водоводна мрежз. Големината на дијаметарот на цевките се движи од ф-2 до ф-1600 мм. Одржувањето на водоводната мрежа подразбира систематски преглед на дистрибутивната мрежа кој вклучува: периодична контрола на мрежата, контрола на затварачи, контрола на пожарни хидранти, контрола на воздушни вентили, контрола на водомерни шахти и контрола на приклучоци. Покрај систематскиот преглед се врши и редовно одржување на дистрибутивната мрежа кое подразбира: одржување на водомерни шахти, на приклучни цевки, на воздушни вентили, испусти и пожарни хидранти, санирање на дефекти на цевководи, систематско мерење на притисокот и генерално промивање на мрежата.

Неговата дејност се состои во следново:

  • Систематски преглед на мрежата
  • Редовно и тековно одржување
  • Останати работи - сопствени потреби

Организациона поставеност на секторот:

  1. Оператива
  • Систематско одржување на водоводниот систем на град Скопје
  • Замена на водомери
  • поставување на приклучоци
  1. Водомерна лабораторија
  2. Одделение за тековно одржување водомери
  3. Одделение за тековно одржување на водомери за домаќинства

Систематскиот преглед на мрежата опфаќа: 

  • одржување на водоводна мрежа од Ф2 до Ф1600 мм,со должина од 1013 км,
  • контрола на затварачи на сите профили,
  • контрола на пожарни хидранти
  • поставување на приклучоци
  • контрола на арматури во шахти на мрежата

Сектор Водовод покрај активностите што ги исполнува по основ на систематско одржување, врши и редовно одржување на мрежата и тоа:

  • во водомерни шахти,
  • на приклучни цевки,
  • на воздушни вентили,испусти и против пожарни хидранти,
  • дефекти на цевководи,
  • систематско мерење на притисок
  • генерално промивање на водоводната мрежа.
  • поврзувања и реконструкции за потребите на граѓаните и стопанството.

Секторот Водовод е поделен на 10 реони, со 18 пунктови и тоа:

Реон Центар

  • Пункт Центар
  • Пункт Водно

Реон Кале

  • Пункт Кале

Реон Кисела Вода

  • Пункт Кисела Вода
  • Пункт Пржино
  • Пункт Драчево

Реон Карпош

  • Пункт Тафталиџе
  • Пункт Козле

Реон Бутел

  • Пункт Бутел 1
  • Пункт Радишани

Реон Гази Баба

  • Пункт Маџари
  • Пункт Индустрија

Реон Аеродром

  • Пункт Аеродром
  • Пункт Лисиче

Реон Чаир

  • Пункт Бутел 2
  • Пункт Шуто Оризари

Реон Ѓорче Петров

  • Пункт Ѓорче Петров
  • Пункт Влае

Реон Сарај

  • Пункт Сарај