Синдикална организација

Вработените во ЈП Водовод и канализација-Скопје доброволно членуваат во Основната организација на Синдикатот на работниците од ЈП Водовод и канализација-Скопје. 
Основната функција и задача на Основната организација на Синдикатот на работниците од ЈП Водовод и канализација-Скопје е заштита и унапредување на правата на работниците што ги остваруваат преку: застапување, претставување, заштита и унапредување на економските, социјалните и другите права кои произлегуваат од Законот за јавни службеници, Законот за работни односи, Општиот Колективен договор, посебниот Колективен договор за комунални дејности на РМ на ниво на гранка и поединечниот Колективен договор на ниво на Претпријатието, во кој се утврдени правата, обврските и одговорностите од работниот однос.
Најзначајни активности  кои ги презема Основната организација на Синдикатот се покрај потпишувањето на Колективниот договор помеѓу претседателот на Основната синдикална организација и претседателот на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје се следниве:
- Утврдување на политиката на колективно договарање;
- Одобрување на условите за работа, животната средина и здравјето на работниците; 
- Заштита при работа и заштита на правата на работниците стекнати врз основа на правото на работа;
- Материјално помагање на работниците  и
- Остварување на други заеднички интереси на работниците и на претпријатието во целина. 

Од членовите на Синдикатот на тајни избори се избираат членови на највисокиот орган, а тоа е Извршниот одбор и истиот го сочинуваат 17 членови и тоа:
     Панче        Мицевски                                 Претседател
     Азби          Шаиповски                               Потпретседател
     Ганчо         Коцев                                       секретар
     Дарко         Димовски
     Иванчо       Боневски                                            
     Зоран         Вичентиќ
     Бектеш       Исмет
     Томица       Кираџиски
      Влатко        Богоевски
      Насер          Хајрулахи
      Тони             Димовски
      Љубинка      Радевска
      Стојан           Кашиковски
      Горан            Младеновски
      Александар  Тримчевски
      Александар   Панчевски
      Наде Јандриевска Илиева

Основата организација на Синдикатот на работниците од ЈП Водовод и канализација-Скопје има претседател кој има право да учествува на состаноците на Колегиумот и на седниците на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје. 
Во рамките на Извршниот одбор на основната организација на Синдикатот, постои комисија за доделување на парични средства за финансиска помош на работниците од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Синдикалната организација им овозможува на работниците купување на производи за домаќинство, училишен материјал и други работи на одложено плаќање, управува со одмаралиштата на ЈП Водовод и канализација-Скопје во Претор и Дојран и го организира учеството на работниците од ЈП Водовод и канализација-Скопје на работничко-спортските игри односно на Комуналијада.