Соопштение за јавност

Почитувани, 

 

Центарот засанитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Центар задолжен засекојдневен мониторинг на водата за пиење од водоводниот систем на Град Скопјеи утврдување на санитарната исправност на истата, а во врска со поплавите од06.08.2016, во подрачјето на градот Скопје, како последица од големото невремешто го зафати овој регион, соопштува дека: 

  1. Стручни тимови на Центарот беа вонредно ангажирани на ден 07.08.2016 (недела). Тимовите излегоа на терен за да извршат теренски мерења и да земат примероци на вода од мерните места, кои ги опфаќаат кризните подрачја, со акцент на зафатените од природната стихија. Резултатите од сите теренски мерења од аспект на механичко загадување (маснотија) и концентрација на резидуалниот хлор во системот беа во рамките на максимално дозволените концентрации, а лабораториските испитувања покажаа физичко-хемиска и микробиолошка исправност, согласно Правилникот за безбедност на водата за пиење (Сл.Весник на РМ бр.46 од 2008 година) 
  2. Исто така тимови од Центарот и во текот на вчерашниот ден 08.08.2016 (понеделник) повторно ги посетија кризните подрачја и земаа примероци од вода за пиење. Првичните резултатите од сите мерења укажуваат на санитарно исправна вода за пиење.

  

Со почит,

ЈП Водовод иканализација-Скопје

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија