ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова web услуга за електронско плаќање - ПЛАТИ БРЗО

ПЛАТИ БРЗО е новата web услуга за електронско плаќање на сметките за вода. Преку оваа услуга ЈП Водовод и канализација – Скопје на своите корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот - Мој Водовод. На елетронскиот сервис ПЛАТИ БРЗО со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија а тоа претставува одлична можност особено за оние корисници кои патуваат често или живеат во странство, а ги користат нашите услуги. Со оваа нова услуга нашите корисници ќе заштедат време и пари.

Дополнително на електронскиот систем ги овозможуваме сите шалтерски услуги како:
• започнување процедура за ажурирање на Вашите лични податоци;
• преглед на Вашиот долг;
• плаќање на сметки или рати, (со било која Visa, Maesto или Mastercard картичка издадена од домашна или странска банка);
• ажурирање на состојбата на потрошувачка на Вашиот водомер;
• пријавување дефект;
• електронска достава на Вашата месечна фактура или целосно исклучување на печатената достава на сметки;

Направете го Вашето прво плаќање преку новата web услуга на следниот линк: https://e.vodovod-skopje.com.mk/InstantPayment.aspx

Со почит,
ЈП Водовод и канализација-Скопје

cssslider.com by cssSlider.com v2.1