ЈП Водовод и канализација - Скопје присувствуваше на Меѓународниот саем за менаџирање на води, отпадни води, груби материјали и отпад - IFAD 2018

Во периодот од 14.05.2018 до 18.05.2018 претставници на ЈП Водовод и канализација - Скопје присувствуваа на Меѓународниот саем за менаџирање на води, отпадни води, груби материјали и отпад - IFAD 2018, кој се одржа во Минхен, Германија.

На саемот беа претставени најновите технологии и технолошки пронајдоци поврзани со водоводните и канализационите системи. Беа остварени голем број на средби и разменети искуства со голем број на претставници и производители на водоводна и канализациона опрема.

Исто така во Љубљана беше остварена работна средба со секторските директори задолжени за водовод и канализација на ЈП Водовод и канализација - Љубљана, на која непосредно беа споделени искуствата и приоритетите на двете претпријатија за наредниот период. Воедно на оваа средба беше договорено да се интензивира соработката меѓу двете претпријатија со потпишување на меморандум за соработка.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1