СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Во организација на АДКОМ - Здружение на даватели на комунални услуги на Р.Македонија, денеска во Скопје во хотелот Холидеј Ин, се одржа работна средба на Генералните Директори на ЈКП од целата држава, со цел меѓусебно да се дискутира по однос на проблемите со кои се соочуваат во тековното работење.

На средбата присувствуваше и Претседателот на Владата на РМ, г. Зоран Заев, како и Директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, г. Душко Весковски.

Целта на организирање на оваа средба беше сублимирање и дискусија на состојбата во која се наоѓаат јавните комунални претпријатија. Исто така се дискутираше за моменталните проблеми и потреби со кои се соочуваат ЈКП и насоки за превземaње на следните чекори за нивно надминување со поддршка од Централната Власт.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1