Известување до јавноста

Почитувани,

Ве известуваме дека од 17.11.2017 (петок) ЈП Водовод и канализација – Скопје доби нов Генерален Директор, г. Душко Весковски.

Г. Душко Весковски ја превзема позицијата од г. Александар Атанасов.

Роден е на 28.01.1985 година во Скопје, Карпош, Република Македонија. Основното и средното образование ги завршува во Скопје.

Дипломира на Правниот факултет "Јустинијан Први", насока - правни студии, а воедно и магистрира по менаџмент на човечки ресурси.

Претходно работи во Фонд на Холокаустот на Евреите од Р.Македонија, како раководител на Меморијален центар, на сектор за истражување, архивирање и документирање.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1