Информација за членот 8 од законот за водоснабдување и поради кои причини законски може да дојде до прекин во водоснабдувањето без надомест на штета, како дефекти, хаварии итн...

Почитувани, во прилог членот 8, од законот за водоснабдување и поради кои причини законски може да дојде до прекин во водоснабдувањето без надомест на штета, како дефекти, хаварии итн...


Член 8


(1)

Давателот на услугата е должен на корисниците на услугата да им обезбеди трајно и непрекинато снабдување со здравствено исправна и чиста вода за пиење преку изградениот водоснабдителен систем, како и одведување на урбаните отпадни води преку изградениот канализационен систем.


(2)
По исклучок од ставот (1) на овој член, до нарушување или прекин во давањето на услугата, може да дојде во случај на:
- оштетување на водоснабдителниот, односно канализациониот систем поради виша сила, поголеми хаварии и дефекти,
- недоволна периодична издашност на извориштата,
- здравствена неисправност на водата за пиење и
- прекин во снабдувањето со електрична енергија, таму каде што давањето на услугата е зависна од истата.


(3)

Нарушувањето и прекинот во давањето на услугата во случаите од ставот (2) на овој член не е основ за барање надомест на штета.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1