Барање за издавање на решенија за приклучоци и двоење во шахта

Приклучок на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација
Можност за ШАЛТЕРСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:


Барање за издавање решенија за приклучоци и двоење во шахта

Документите се поднесуваат во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација- Скопје на ул.Ѓуро Стругар Бр.5 приземје (архива)
(инвеститорот т.е. Општината поднесува барање за приклучок, доставува хидротехнички услови и одобрение за градба, а по излегување на терен, референтот изработува предмер-пресметка за водоводен и/или канализационен приклучок)
(врз основа на предмер-пресметка се изработува авансна фактура која странката ја подига во дирекција на ЈП Водовод и канализација- Скопје на ул. Ѓуро Стругар Бр. на 5 спрат (фактурно) или се доставува на Град Скопје доколку е барател Општина или единицата за локална самоуправа.)
Цените на услугите се според спецификацијата и ценовникот на ЈП Водовод и канализација- Скопје.