ImageЧесто поставувани прашања

Колку изнесува цената за м3 вода?

Износот за м3 вода е различен, во зависност од тоа дали се работи од една страна за м3 вода со или без канализација и од друга страна дали се работи за домаќинство или стопанство.

Вода со канализација

Домаќинствa

Стопанство

29,39 ден/m3

65,80 ден/m3

Вода без канализација

Домаќинствa

Стопанство

17,25 ден/m3

46,63 ден/m3

Сметките можат да се платат во сите експозитури на Македонски пошти, во сите банки, во наплатниот пункт во општина Сарај, кој се наоѓа во центарот на Сарај, (ул.1, број 74), секој ден од понеделник до петок од 8.00 до 14:30 часот, како и на шалтерите на ЈП Водовод и канализација-Скопје (ул.Ѓуро Стругар бр.5), на приземје, секој ден од понеделник до петок од 7:30 часот до 19 часот и во сабота од 8:00

Што треба да направам за да извршам промена на име на водомер?

Потребно е да поднесете Барање за промена на име корисник, во дирекцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, во Службата за наплата, на ул. "Ѓуро Стругар бр.5“,  на приземје.

 

Со барањето треба да ги приложите и следните документи:

 

1)    Последна платена сметка; и

2)    Копија од купопродажен договор или наследно решение

Како сам да го прочитам својот водомер?

Во водоводниот систем на град Скопје во употреба се водомери од марките INSA, IКОМ и ABB.

Вашиот водомер изгледа слично како на прикажаните слики.

Кај водомерите со директен бројчаник, едноставно отчитајте ја состојбата на бројчаникот. Децималите од кругчињата не се потребни.

Кај водомерите со кругчиња, почнете го читањето од кругот означен со "x1000", па "x100", "x10" и "x1". Бројките од кругчињата означeни со "x0.1", "x0.01" и "x0.001" не ви се потребни.

При отчитувањето, запишете ја бројката преку која стрелката веќе поминала.

 

 

 Пример на сликата  00000 m³

 

Пример на сликата  1632 m³

 

 

Како да ја намалам сметката на вода?

Не оставајте ја славината да тече

Повеќето од луѓето имаат лоша навика да ја оставаат славината да тече додека ги мијат забите, додека се бричат или ја истекуваат водата за пиење. Тоа е добар начин непотребно да се потроши огромна количина на вода секојдневно. Затворајте ја славината кога миете заби или се бричите ќе заштедите 20 литри.

Поправете ги славините кои капат

Не постои мало капење. Славината која капе може да потроши до 100 литри вода на ден. Лесно се поправаат со замена на гумичката или доколку е потребно и замена на вентилот.

Казанчињата да се во исправна состојба

Казанче кое тече е најголем прикриен потрошувач на вода. Од него може да истечат до 300 литри на ден. Статистички е докажано дека секое петто казанче тече. Затоа редовно проверувајте ги и поправајте ги навреме. Користете казанчиња кај кои се штелува количината што истекува. Опсегот е меѓу 5 и 10 литри. Казанчето е "виновник" за 30% од потрошената вода во вашиот дом.

Проверете ги вентилите во вашата шахта. Ако капат или течат пријавете во најблискиот пункт.

Бидете рационални

Туширајте се кратко. За секоја минута туширање трошите од 20 до 40 литри вода.

Едно перење на машина троши околу 80 литри вода. Перете само кога машината е полна.

Каде можам да извршам проверка на состојбата на сметката?

Секој корисник состојбата на својата сметка за вода може да ја провери во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје,  во Службата за наплата, на ул. "Ѓуро Стругар бр.5“, на приземје, а и на Веб страната.